во

18 Смешни фотографии покажуваат како татковците гледаат телевизија

Иако секој маж си е различен, изгледа повеќето од нив ги прават истите нешта откако ќе станат татковци.

На пример, на социјалните мрежи и форуми доста често кружат шеги за тоа дека е лесно да препознаете кога таткото го облекол детето, а доста популарни се и таканаречените „татковски шеги“ кои ги користат скоро сите татковци.

Во последно време, пак, многу луѓе забележале дека сите татковци гледаат телевизија на ист начин, а социјалните мрежи се преплавени со фото-докази за тоа.

Многумина изјавуваат дека нивните татковци не седнуваат на кревет, стол или слично, туку само стојат на околу еден метар пред телевизорот, најчесто со прекрстени или раце ставени во џеб.

Уште поинтересно е што во ваквите ситуации, обично татковците непланирано се загледале во телевизорот, додека минувале пред него.

Ако не верувате, обрнете внимание на вашиот татко (или сопруг ако имате деца), а можете да ги погледнете и следниве смешни фотки:

„Татковците вака гледаат вести цели 40 минути“

„Татко ми секојпат кога на телевизија се пее химната“

„И тато го прави истото“

„Си дојдов дома и го видов тато во оваа положба. Уште ги нема соблечено сакото и чевлите од работа“

„Сигурно сите татковци се застанати вака во овој момент“

„Сопругот гледа телевизија како секој татко, со прекрстени раце, и одбива да седне“

„Не можам да престанам да се смеам – тато гледа телевизија преку стаклото додека пуши цигара“

„Тато почна и да му вика на телевизорот“

„Зошто татко ми гледа телевизија на овој начин?“

„Татко ми гледа анимиран филм. Исто така, стои на еден метар од телевизорот“

„Цели 30 минути, тато го гледа Mission Impossible 2 застанат во оваа положба“

„Татко ми стоеше вака добри 8 минути гледајќи во телевизорите“

„Дали и другите татковци стојат пред телевизорот и му викаат?“

„Се нема поместено 15 минути“

„Омилената поза на татковците – малку раширени нозе, прекрстени раце и стоење што е можно поблиску до телевизорот“

„Тато си гледа емисија за карате застанат пред телевизор“

„Дали е само татко ми, или сите татковци вака гледаат вести?“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 Секојдневни „необјасниви“ фотки кои ќе измамат насмевка на вашето лице

8 Tипови на иритирачки колеги кои би сакале да ги избегнете