Земаш плата 20.000 денари, а живееш како да земаш 120.000. Можеш да седиш во кафеана подолго од едно работно време. Сметаш дека секогаш е добро време за ракија.
Ние дефинитивно сме народ што умее да ужива во животот и тоа ни е главно мото.
Сепак, на моменти знаеме да потфрлиме во одредени аспекти, како сообраќајната култура на пример.
Ајде да се пошегуваме на дел од своите навики.
Дали си типичен Македонец?
– Се плашиш од промаја.
– Сушиш гаќи на жица на тераса.
– Земаш плата 20.000 денари, а живееш како да земаш 120.000.
– Можеш да седиш во кафеана подолго од едно работно време.
– Сметаш дека секогаш е добро време за ракија.
– На ден пиеш минимум 3 кафиња.
– Со едно кафе седиш 2 часа во кафуле.
– Сметаш дека си експерт за сè.
– Зборуваш доволно гласно да те чујат преку 3 маси во локалот кадешто седиш.
– Кога мислиш на детство, мислиш на сендвич со ајвар и сирење.
– Живееш со родителите до 30+.
– Пцуеш кога возиш и сметаш дека сите останати учесници на сообраќајот се неспособни.
– Трубиш на свирката без прекин, сите треба да знаат дека си нервозен, без разлика кој дел од денот е.
– Во недела наутро пушташ правосмукалка, па што има врска ако спијат другите станари во зградата.