во

14 Предмети што секоја дама треба да ги има во нејзината чанта

Дамската чанта е навидум без дно и во истата може да се собере огромна количина на корисни и бескорисни работи. Во неа секогаш може да најдете некои уникатни работи, а некои од нив не само што можат да ја спасат жената што ги носи, туку и некој друг да не западне во непријатна ситуација.

Во продолжение ви откриваме кои 14 работи се неопходни што секоја дама треба да ги има во нејзината чанта, бидејќи истите може да ја спасат од некоја непријатна ситуација во најнеочекуваниот момент:

1. Дополнителен пар чорапи / хулахопки

На есен, лесно е да стапнете во локва и да ги намокрите нозете. Во зима, можеби дури и ќе заглавите во снег, а откако ќе ги соблечете чизмите, ќе сфатите дека вашите стапала се влажни. Затоа дополнителниот пар чорапи е неопходна работа што треба да ја имате во вашата чанта- тоа ќе ви помогне секогаш да ви биде топло.

2. Чепкалки за заби

Честопати, парче салата или орев може да влезе во најоддалечениот агол од устата додека уживате во вашето јадење и да започне да ве иритира. Не обидувајте се да го извадите со прстите- користењето чепкалка за заби е многу подобро решение. Сепак, имајте на ум дека треба да ја исчистите устата користејќи го овој метод во тоалет, наместо во јавността. Изберете чепкалки за заби кои се спакувани безбедно, инаку, може да се соочите со расфрлани чепкалки за заби низ целата чанта.

3. Документи за лична идентификација

Документите за идентификација, како вашиот пасош, личната карта и здравственото осигурување, секогаш треба да се чуваат при рака. Овие документи се потребни во продавници, во пошта, во клиника, за да се подигнат платени нарачки преку Интернет и во банка.

4. Дождовен мантил

Понекогаш се чувствуваме премногу мрзеливи за да земеме чадор затоа што е премногу непријатен за носење – ни ги окупира рацете, а ветерот секогаш се обидува да ни го одземе овој огромен предмет. Дополнително, чадорите имаат тенденција повремено да се свртат внатре кога ветерот е пресилен. Дождовниот мантил е подобра опција во овој случај – зафаќа многу малку простор и помага во вистински момент.

5. Податоци за вашата крвна група и телефонските броеви на вашите блиски роднини

Во некои случаи, медицинските работници треба да ја знаат крвната група на една личност. Исто така, ако одеднаш ви се случи да побарате брза помош, ќе биде важно за медицинските работници брзо да ги пронајдат вашите роднини за да можат да ги известат за тоа каде сте.

6. Средство за дезинфекција на раце

Научниот проект направен од Даниел Абадам покажува колку микроби живеат на нашите раце. Затоа, за да се избегнат разни болести, се препорачува да ги дезинфицираме рацете пред секој оброк, по употреба на тоалет и кога ќе сме на други јавни места.

7. Крема за сончање

Кремите со заштитен фактор не се потребни само на плажа во лето за сончање, туку и секој ден во зима. Доун Дорси од Центарот за рак на Универзитетот во Тексас, открива колку е важно да се нанесува крема за сончање во текот на целата година, со цел да се намали ризикот од заболување од рак на кожата.

8. Мелем за усни или сјај

Нашите усни можат навистина да се исушат во ветровито време, затоа секогаш носењето мелем за усни е неопходна работа – на крајот на краиштата, и за усните е потребна соодветна грижа. Исто така, сјај за усни може да ви биде од голема помош кога ќе ви заврши денот и веднаш ќе отидете со колегите и пријателите на забава – можеби ќе немате време да отидете дома и да ја нанесете вашата вечерна шминка.

9. Крем за раце

Навлажнувачки крем за раце ќе ги спаси вашите раце од студ во зима, и по пливање во солено море во текот на летото. Нанесувањето на крем не само што е пријатно, туку е и корисна процедура за да ги одржувате рацете младешки и здрави.

10. Полнач

Денес луѓето не можат да направат ниту еден чекор без да го имаат својот паметен телефон со себе. Треба да ги читаме известувањата, мејловите, да им праќаме пораки на најблиските и приајтелите, да користиме мапа за во градот и многу други работи. За да не останете без нашиот телефон во најнеочекуваниот момент, подобро е секогаш да носите полнач со вас.

11. Парфем со мала големина

Трага од парфем е нешто што другите ќе го паметат и ќе остане во собата дури и откако ќе заминете. Да имате мини-шише од вашиот омилен парфем во чантата не е луксуз, туку вистинска потреба.

12. Тампони

Дури и ако „тие денови“ се сè уште далеку, можеби им требаат на вашите пријателки или непозната девојка во тоалетот. Покрај тоа, добро е секогаш да имате при рака тампони, во случај циклусот да одлучи да започне порано.

13. Дрвен чешел

Разбушавената коса секогаш изгледа неуредно. Мал чешел нема да зазема многу простор, но во исто време ќе помогне да се задржи уредниот изглед.

14. Влажни марамчиња

Ако средството за дезинфекција може да ги заштити рацете од микроби, влажните марамчиња можат да помогнат во одржување на чистата облека и чевли. Тие се од витално значење ако случајно ви капе носот и ги извалка панталоните, истурите малку кафе или ја извалкате јакната затоа што поминавте покрај валкан автомобил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Додека Европејците се дома, Австралијците и Новозеландците се забавуваат

Овој уметник за тетоважи е специјалист за црно-бел реализам и ова се неговите најдобри дела