13 цајкани одат на испит на факултет. Седнуваат еден позади друг, како на факултет. Влегува професорот и им задава една многу тешка задача. Треба да напишат една марка на кола.
– Првиот цајкан веднаш запишува ‘Јагуар’.
– Вториот се мисли, и се мисли (‘мислам значи постојам’), и пробува да види и да препише од првиот свој колега. И место да прочита ‘Јагуар’, тој прочитал ‘Јануар’,
и си напишал целиот среќен ‘Фебруар’.
– Третиот по примерот на вториот, си напишал ‘Март’, четвртиот ‘Април’……..итн се до 12-тиот цајкан, а кој си напишал ‘Декември’.
– 13-тиот мислел, мислел, мислел (‘мислам значи постојам’), нема веќе месеци, и на крај му текнало и си напишал ‘Среќна Нова Година’.