Колку пати ви се случило кога сте во брзање, пред вас да има личност која се движи бавно, група луѓе кои си разговараат среде пат или некој кој само си стои и го зафаќа целиот простор за минување?
Можеби за време на пандемијата многу од овие случувања се избегнати заради тоа што нема гужви и јавниот превоз не е како претходно, но во нормални услови сигурно ви се испречиле на патот неколку типови на луѓе кои одат на нерви.
Обично не ги забележуваме овие луѓе, а понекогаш и самите се однесуваме како нив, но кога сме во трка со времето, речиси секогаш налетуваме на некоја ваква личност.
Во продолжение погледнете ги неколкуте видови вакви луѓе, претставени со интересни илустрации:
Зависници од технологија
Овие луѓе секогаш зјапаат во нивниот телефон и поважно им е да одговорат на пораките, отколку да направат место да помине и некој друг.
Личноста која не знае каде оди
Ова се луѓето кои размислуваат на која страна да фатат, но секогаш размислуваат пред врата, среде прометна улица и слично.
Шетање како во трговски
Најчесто станува збор за 2-3 луѓе, кои се движат како да си разгледуваат излози во трговски. Воопшто не им се брза и не ни помислуваат дека по патот треба да помине и некој друг.
Цик-цак чекори
Најчесто ова се луѓе кои одат пред вас, но многу бавно. А, штом ќе се обидете да ги поминете, тие нагло свртуваат кон истата насока како вас, и повторно ви го попречуваат патот.
Несовесни велосипедисти
Иако на еден метар од нив има велосипедска патека, овие луѓе упорно возат по тротоарот наменет за пешаци. Нормално, некогаш и ќе се удрат во некој.
Група пријатели
Ова се луѓето кои се движат во група, притоа зафаќајќи го целиот пат, од едниот до другиот крај.
Туристи (во нормални услови)
На овие луѓе најважно им е да се фотографираат со знаменитостите, притоа не внимавајќи дали пречат некому.
Неодлучни
Ако сте како повеќето, кога пешачите, сигурно се држите само до едната страна од патот. Но, овие луѓе се движат и од левата, и од десната страна на патот, и не дозволуваат никому да ги помине.
Волонтери-презентери
Ова се луѓе од разни организации кои упорно ве убедуваат да им се придружите, без разлика колку ви се брза во тој момент.
Продавачи
Најчесто, овие луѓе се присутни на туристичките дестинации и секогаш нудат некој производ по многу повисока цена отколку во продавница. Тоа што вие не сте расположени за купување не ги засега.
Луѓе кои прават друштво
Ова се луѓе кои чекаат во редица, но не бидејќи тие имаат потреба, туку бидејќи прават друштво на некој. Проблемот е што непотребно создаваат метеж, наместо да почекаат настрана.
Блокирачи
Постојат и луѓе кои сакаат да стојат пред вратата од автобусот, дури и кога некој треба да излезе. Обично треба да ги потсетите дека треба да се тргнат за некој да излезе од автобусот.