во ,

13 Специјалитети што треба да ги пробате додека шетате во земјите низ светот

А кога сме кај нови вкусови, добро би било да ги пробате овие јадења од целиот свет, штом ќе ви се укаже можност за тоа:

Шкотски јајца

Овој специјалитет е еден вид ќофте од мелено месо и презла, со мало изненадување во средината – варено јајце.

Каде да го пробате: Според Англичаните, најдобрите шкотски јајца ќе ги најдете во стар паб.

Pastel de nata

Овој десерт е „кошничка“ од лиснато тесто, исполнета со крем од лимон и цимет.

Каде да го пробате: Најдобро е да го пробате овој десерт во Португалија, во некоја пекара во Лисабон.

Ceviche

Ова јадење е направено од сурова риба маринирана во сок од лимон или лимета. Јадењето е зачинето со многу чили, коријандер и кромид.

Каде да го пробате: Најдоброто ceviche ќе го најдете во Перу.

Погачи со школки

Школките се пржат во тесто направено од брашно, млеко, „сок“ од школки и јајца.

Каде да го пробате: Најдобрите погачи со школки ќе ги најдете на улиците во гратчињата на Роуд Ајланд, САД.

Јагула во зелен сос (Paling in ’T Groen)

Супата е направена од јагула и густ зелен сос. Сосот содржи разни зачини, како нане, оригано, босилек, магдонос, ѓумбир, а понекогаш и спанаќ.

Каде да го пробате: Јадењето потекнува од Белгија, па најдобро е да го пробате во некој белгиски рибен ресторан.

Thüringer Rostbratwurst

Рецептот за овие колбаси потекнува од Германија од 15-тиот век. Направени се од мелено свинско, телешко или говедско месо. Колбасите се приготвуваат на скара, со свинска маст, а се служат со мало лепче и сенф.

Каде да го пробате: На пазарот во Ерфурт, Германија ќе ги најдете автентичните колбаси, кои потоа можете да ги приготвите сами.

Poutine

Ова јадење е всушност помфрит со сос и парчиња кашкавал. Компирчињата се крцкави однадвор и меки однатре, а сосот е многу мрсен и солен. Кашкавалот, пак, му дава совршена текстура.

Каде да го пробате: Ова е традиционално канадско јадење кое потекнува од покраината Квебек, а најдобро е да го пробате во Монтреал.

Bouillabaisse

Ова е еден вид супа од морска храна, која содржи неколку видови риба, школки, октопод, ракчиња и јастог. Супата има и зеленчуци, како компири, праз и домати, а е зачинета со шафран.

Каде да го пробате: Јадењето можете да го пробате во Марсеј, Франција.

Phirni

Phirni е сладок пудинг што ќе го најдете на речиси секој индиски карневал. Направен е од ориз, брашно, млеко и сушено овошје. Шафранот и кардамонот му даваат посебна арома на десертот, а понекогаш се додаваат и манго, цреши, бадеми и ф’стаци.

Каде да го пробате: Можете да го најдете десертот во близина на хиндуистичктие храмови, за време на секоја голема прослава.

Pho Bo

Главната состојка на ова јадење е супата од месо, во која се додаваат нудли од ориз и парчиња месо. Чорбата се служи со свежи зачини и голема порција лимонов сок.

Каде да го пробате: Јадењето ќе го најдете во многу ресторани во Виетнам, но најдобро е да го пробате кај уличен продавач.

„Супа“ од вишни (Meggyleves)

Ова е еден вид слатка супа, или компот, направена од вишни, слатка павлака, бело вино и цимет.

Каде да го пробате: Овој десерт ќе го најдете во секој ресторан во Унгарија, но најчесто во топлата сезона.

Pizza ebraica

Иако во името стои зборот пица, ebraica e всушност десерт. Наликува на гранола и е направен со слатко тесто, сушено грозје, кандирано овошје, бадеми, сушена кајсија и сушена брусница.

Каде да го пробате: Најдобрата верзија од овој десерт ќе ја најдете во Рим.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Магични гратчиња во Италија кои ќе ве остават без зборови

15 Туристички дестинации кои „платија“ за нивната популарност