во

12 причини зошто Французинките се жени што будат восхит кај сите

Тие не одат наоколу да се жалат за своите проблеми, па наместо да им плачат на рамо на пријателките, водат активен животен стил, ги полнат батериите и времето го минуваат динамично, слободно и безгрижно.

Кога ќе се спомене Французинка, сигурно прво на ум ви паѓа дама со уникатен и софистициран стил. Овие жени имаат нешто магично во себе и секогаш се предмет за восхит за жените од
Нивните манири и изглед и до ден денес ги прават пример за женска убавина.

Работи поради кои Французинките побудуваат восхит:

Не се зависнички од ботокс, филери и пластични операции

Нивното мото е да се сакаат такви какви што се и знаат дека атрактивниот изглед никогаш нема да ги замени личните достигнувања и интелигенција.

Не одат наоколу да се жалат за своите проблеми

Наместо да им плачат на рамо на пријателките, тие водат активен животен стил, времето го минуваат слободно и безгрижно и прошетките и природата им се лек.

Не следат модни трендови кои го загрозуваат нивното здравје

Комфорот и здравјето на модерните Французинки им се над сè, па така тие нема да се измачуваат со превисоки и неудобни потпетици само затоа што така наложува модата, ќе носат само тогаш кога сакаат.

Не се запуштаат и по 30-тата година од животот

Девојките во многу земји во светот штом се омажат, почнуваат да се концентрираат комплетно на домот и забораваат на негата на себе, но Французинките знаат дека негата на себе е „обврска“ за цел живот.

Знаат дека можат да изгледаат одлично и во облека која не е од некој скап бренд

Тие знаат дека сè е до стилот, вкусот и начинот на кој ги комбинирате работите. Знаат дека облекувањето скапо не е исто што и облекувањето добро.

Не се откажуваат од кариерата за да растат деца

Голем дел од Французинките сметаат дека жена без кариера е несреќна жена, па така и по раѓањето на деца не ја запоставуваат кариерата, а бараат помош од роднини или ангажираат дадилки.

Не се зависнички од шопинг

Тие немаат време за минување на цел ден во трговските центри и многу често шопингот го прават онлајн.

Не се измачуваат со тешки диети

Тие уживаат во омилената торта и кроасан, си поставуваат граници во исхраната, но не се измачуваат со тешки и нездрави диети.

Знаат како да уживаат во секој миг од животот

Тие живеат за мигот и наоѓаат среќа во мали работи. Едноставно ја знаат „уметноста на живеењето“. Не се оптоваруваат со туѓите мислења и затоа се ведри и енергични и на постари години.

Ја знаат моќта на свилената марама

Французинките знаат дека една марама околу вратот прави голема разлика, плус овој моден додаток ги крие брчките на вратот.

Не се опседнати со ставање на вештачки нокти во козметичките салони

Сакаат природен изглед на ноктите без многу детали. Повеќе вложуваат во прстени и друг накит, отколку во ставање на вештачки нокти.

Не ставаат тон шминка, но и не се плашат да се појават со впечатлив кармин среде ден

Сакаат природен изглед и обично при шминкањето најмногу внимание обрнуваат на добрата подлога со квалитетна козметика. Сепак, кога се расположени за повпечатлив изглед не им е проблем да стават силен кармин среде ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 Тајни пораки што уметниците ги оставиле во своите слики, само за внимателните набљудувачи

Улазам у бурекџилницу и парашују га мајстора: Мајсторе куде га чуваш месо?