во

12 Правила на урбаниот јавен превоз кои задолжително треба да ги знаете

Уште од дамнешни времиња, па сѐ досега, луѓето обожаваат да патуваат истражувајќи разни народни обичаи, обележја, културни вредности, убавини…

Подземни железници, трамваи, автобуси, тролејбуси, возови.. Не е ни чудо што луѓето сѐ помалку ги вадат своите автомобили од гаражите.

Точноста, беспрекорноста и брзината на овие видови јавни превози со сигурност придонесуваат кон подоброто функционирање и растеретеноста на градот.

Жителите на своите градови повеќе од одлично ги знаат и почитуваат поставените правила при јавниот транспорт, но дали и вие?

Можеби патувате доволно често за да мислите дека знаете сè и не постои шанса да погрешите, па зошто да не се тестирате?

Во продолжение ви наведуваме 12 правила на јавниот превоз кои задожително треба да ги знаете и почитувате (кај нас и во другите земји):

1. Првото и основно правило е качувањето

Секако, откако претходно ќе купите билет.  Купувањето можете да го направите онлајн или пак на лице место, но во ниеден случај не одлучувајте да се „шлепате“.

Во спротивно, следуваат казни.

Исто така, кога се качувате во автобус, метро, трамвај, воз или друго превозно средство, постои правило број еден кое гласи: Дозволете им на луѓето најпрвин да се симнат од него, пред вие да се обидете да се качите!

2. Не се однесувајте како држачите да се ваши

Тие не се играчка, ниту пак ваша сопственост. Кога ќе застанете, проверете дали оставате доволно простор за другите луѓе.

3. Не разговарајте долго на телефон

Можеби во нашиот јавен превоз сте навикнати да слушате разни „комшиски муабети“, пропратени со недолично смеење или пак по некоја пцовка, но сепак тоа е недолично како кај нас, така и во странство.

Доколку повикот е неизбежен, гледајте да бидете кратки и да не го нарушите мирот на останатите. Никој не е должен да слуша рецепти за манџи или љубовни проблеми.

4. Доколку најдете место да седнете, не се ширете

Имајте предвид дека до вас треба да седне и некој друг. Можеби станува збор за старо лице, лице со потешкотии во движењето, покрупен маж или жена…

Без разлика, вашиот комфор нема да им помогне полесно да седнат на слободното место, а јавниот превоз не е само за вас, па не треба да се однесувате како да сте во приватен авион.

5. Не јадете

Доколку мирисот на купената храна ве привлекува и не сакате да се излади, решението во никој случај не е да јадете во јавниот превоз.

Спротивно на тоа, доколку превезувате храна, осигурете се дека е претходно добро запакувана и дека нејзиниот мирис нема да се прошири. Никој не е должен цел пат да мириса храна, независно дали е пријатен или силен мирис.

6. Јавниот превоз не е салон за разубавување

Доколку не сте имале време да се исчешлате или, пак, нашминкате, воопшто не е добра идеја истото да го направите во јавниот превоз.

Тоа за вашите сопатници претставува дел од интимата и би го сфатиле крајно безобразно.

7. Не се чувствувајте должни

Многу често во јавните превози, посебно во странство, настапуваат групи или пак поединци кои на разни начини покажувајќи го својот талент се обидуваат да заработат некој долар или евро.

Само затоа што тие настапиле, не значи дека мора да им дадете пари, па затоа, ако сакате да го заштедите тоа евро, едноставно поместете се.

8. Останете будни

Дури 44% од луѓето изјавиле дека речиси секогаш заспиваат при нивното возење во јавен превоз.

Ова навистина не е препорачливо, бидејќи постои можност да бидете ограбени.

Затоа бидете свесни за сè околу вас, така што нема да изгубите ништо од вашите вредни работи.

9. Застанете зад жолтата линија!

Ова е правило кое во никој случај не треба да го прекршите во другите земји, бидејќи пред сѐ, се работи за вашата безбедност.

Најчести прекршувачи на ова правило се инстаграмџиите, кои сиот тој ризик го преземаат за своите лајкови.

10. Отстапете го вашето место на постарите, бремените и хендикепираните

Правило кое треба да важи секогаш и секаде!

Исто така, помогнете им на лицата со колички да стигнат до своето прецизирано место.

11. Никогаш не заземајте седиште со торбата

Дали вашата торба само што завршила со 10-часовна смена? Дали очајно треба да ги одмори своите уморни нозе?

Не, затоа што тоа е торба. Ставете ја во скутот и оставете некој друг да седне.

12. И за крај, внимавајте на излегувањето

Брзо е и безболно, станувате и ги користите вашите две нозе. Нема потреба од дишење во врат на оној пред вас, забавување, ниту пак туркање.

Стапнувате, одите до скалите и стигнувате до вашата сакана дестинација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Провокативни илустрации што ќе ве натераат да размислувате

„Дење лае, ноќе плива – вештачката вилица на свекрвата“ – 20 кратки вицеви кои добро ќе ве насмеат