Дали би платиле 280 долари за само еден витлер за коса, направен од злато? А, дали ви се „фрлаат“ 39.000 долари за Louis Vuitton чанта во форма на авион?
Досега сигурно сте налетале на неколку онлајн реклами за бизарни продукти кои се сосема бескорисни и изгледаат чудно. Денес има повеќе онлајн продавници од кога било и од интернет можете да си порачате скоро сè што ќе посакате.
А, кога има толкав избор, нормално е да има и чудни работи за кои нема да ви се верува дека се на продажба или дека некој воопшто ќе ги купи.
Една девојка од САД налетала на ваков чуден продукт, кој наводно е моден детаљ, па решила да го сподели на Твитер.
„Ми стана хоби да барам глупави работи што можете да си ги купите и засега ова ми е фаворит“.
Набрзо, нејзината објава се прослави и ги инспирира другите твитерџии да ги споделат најбизарните продукти што ги сретнале онлајн. Уште почудно е што дел од овие продукти чинат и по неколку илјади долари.