во

12 Детали од секојдневието во другите држави што ќе им бидат чудни на Македонците

Во Нигерија можете да си купите „флаширана“ вода во кеса, во Бразил се продаваат куќи што можат да се преместуваат, а од јапонските автомати можете да си купите компјутерски процесор.

Лесно можете да научите нешто за некоја држава – доволно е да ја „изгуглате“ и веднаш ќе ги добиете најважните информации.

Но ако сакате целосно да се внесете во културата и секојдневието на некој народ, многу повеќе ќе ви помогнат разговорите со локалните жители или, во ерата на интернетот, нивните објави на социјалните мрежи.

Во продолжение неколку (за нас) необични детали од државите ширум светот, споделени од локалните жители:

„Кога си купив дом во САД, агенцијата ми даде дигитална копија од сите документи на УСБ во форма на клуч“.

Куќичка за улични мачки во Турција

Во кинескиот McDonald’s користат чаши за кои не треба сламка

Во Јапонија можете да си купите компјутерски процесор од автомат

Сад за течен сапун од Јапонија што го истиснува сапунот во форма на шепа

Во Бразил се продаваат дрвени куќи кои можат да се преместуваат

Во Нигерија можете да си купите вода во кеса

Во Сингапур, лицата над 65 години имаат специјални картички со кои можат да го продолжат времетраењето на зеленото светло на семафорот

„Во Камбоџа, вселувањето во нов дом е придружено со огромна забава, како свадба. Ова е фотографија од забавата за преселувањето на тетка ми (десно)“

На Филипините подготовките за Нова година почнуваат во септември, односно уште тогаш се изложуваат украси, елки и слично во продавниците

Во Јапонија има посебни места за чадори што можат да ги користат сите – ако ве фати дожд, можете да си земете чадор кој потоа треба да го оставите на некое вакво место во градот

Во Јапонија се продаваат детски седишта за велосипед што се монтираат и напред

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

23 Фотографии кои може да ги направат само Русите – како изгледа секојдневието таму?

9 Работи во домот што гостите веднаш ги забележуваат и не ги забораваат