Речиси сме на прагот пред Новата година, а вие уште не чувствувате никаква празнична атмосфера? Да, годинава е поразлична од сите претходни, но време е да направите неколку работи кои ќе ви ја внесат празничната еуфорија и радосните емоции во домот.
Можеби годинава не смееме да правиме многу нешта, но сепак можеме да уживаме во празничната атмосфера и да му се радуваме на овој волшебен период.
Оваа празнична сезона навистина се разликува од сите претходни. Во периодот кога најмногу сакаме да ги видиме сите, мораме да избегнуваме собири, а нема да можеме да ја прославиме ни Нова година како вообичаено.
Но, тоа не значи дека годинава не можеме да ја почувствуваме празничната атмосфера и да му се радуваме на целиот период.
Ставете се во празнично расположение во „5 до 12“ со следните активности:
Организирајте филмски маратон и изгледајте ги омилените празнични филмови
Со домашните направете караоке забава со најпознатите празнични хитови
Најдете некој рецепт и направете си празнични коктели
Сплетете и израдувајте некоја сакана личност со рачно изработен шал или капа
Направете домашни празнични колачиња (и уживајте во вкусот додека гледате некој новогодишен филм)
Направете едноставни подароци за вашите најмили
Прочитајте некоја празнична книга, како „Божиќна приказна“ од Чарлс Дикенс
Направете си шолја топло чоколадо, „стуткајте“ се под меко ќебе и релаксирајте се
Направете уникатни и интересни новогодишни украси за вашиот дом – можете да најдете безброј идеи на интернет
Испратете им новогодишни честитки на вашите најмили. Уште подобро ако ги изработите сами, но времето ви поминува.
Ако имате деца, помогнете им да напишат писмо до Дедо Мраз
А, кога ќе ви недостасуваат пријателите, организирајте групен видеоповик, направете си нешто за грицкање и присетувајте се на новогодишните лудории пред пандемијата