Ако сакате подоцна во животот да ги избегнете повеќето здравствени проблеми, добро би било да обрнете внимание на овие нешта.
Без разлика колку сте зафатени, здравјето секогаш треба да ви биде приоритет. А, ако во 20-тите не сте обрнале внимание на исхраната и физичката активност, не е доцна да го направите тоа и во вашите 30-ти.
Во продолжение погледнете кои навики во 30-тите ќе ви помогнат да го зачувате здравјето:
Вежбајте наутро
Ако сте како повеќето, сигурно немате енергија да вежбате откако ќе се вратите од работа. Ова се всушност добри вести, бидејќи вежбањето во 30-тите е многу подобро кога е наутро. На овој начин ќе се „наполните“ со енергија, ќе си го подобрите расположението и ќе бидете подготвени за сите предизвици.
Научете да се справувате со стресот и анксиозноста
На сите ни е јасно дека денес е невозможно да го избегнете стресот, но во 30-тите мора да научите како да се справувате со него. Стресот може да предизвика безброј здравствени проблеми, а кога ќе стигнете одредена возраст, телото не може да се справува со последиците од него.
Затоа, што е можно побрзо, најдете начин да се ослободите од стресот и анксиозноста, без разлика дали тоа е со читање, медитација, прошетка во природа или консултација со професионалец.
Почесто правете лекарски прегледи
Немојте да ја прескокнувате рутинската проверка на здравјето само затоа што сте многу зафатени. Не заборавајте дека повеќето болести се лекуваат многу полесно ако ги „фатите“ навреме.
Внимавајте на килограмите
Сигурно веќе сфативте дека во 30-тите е многу потешко да се ослободите од вишокот килограми. Затоа, обидете се воопшто да не се најдете во таква ситуација. Внимавајте на исхраната, бидете активни и ако забележите дека сте качиле некој килограм, некој период заборавете на нездравата храна.
Покрај изгледот и самодовербата, дебелината има влијание и врз вашето здравје и може да ви предизвика многу проблеми.
Обрнете внимание на коските
Со текот на времето коските слабеат, па во 30-тите обрнете им повеќе внимание. И овојпат од помош е физичката активност, а добро е да го зголемите и внесот на храна богата со калциум и витамин Д.
Јадете помалку шеќер, а повеќе масти
Во 30-тите не можете да си дозволите цела недела да живеете од пица. Се разбира, нема потреба целосно да се откажете од нездравата храна, но обидете се да го намалите внесот на шеќери. Истовремено, внесувајте повеќе здрави масти кои ќе ви ја дадат потребната енергија.
Никогаш не го заборавајте заштитниот крем за сонце
Вашата кожа повеќе не се обновува како во младоста, па ако не сакате предвремени брчки, морате да ја заштитите од надворешните влијанија.
Секогаш кога излегувате од дома нанесувајте заштитен крем за сонце, дури и ако времето е облачно.
Консумирајте повеќе хранливи влакна
Храната како грашок, леќа и брокула е богата со хранливи влакна кои, пак, го одржуваат здравјето на дигестивниот систем. Ако не внесувате доволно влакна, се изложувате на ризик од дијареја, констипација и хемороиди – проблеми што не ги сака никој.
За луѓето над 30 години, препорачливо е да внесуваат 25 до 30 грама влакна секој ден.
Истражете ја историјата на болести на вашето семејство
Голем број болести и нарушувања се наследни, па добро би било да знаете какво било здравјето на другите членови од вашето семејство.
Ако некој имал сериозна болест, истражете дали е наследна и разговарајте со вашиот лекар за тоа дали и вие сте изложени на ризик, но и што можете да направите во врска со тоа.