Четка за заби со две-три влакна и чорапи кои веќе станале проѕирни – на некои луѓе им е тешко да се одделат од предметите што ги користат секојдневно. Се пронаоѓате ли?
Иако сите сакаме предметите што ги користиме да ни траат долго, јасно ни е дека кога-тогаш мора да ги фрлиме.
Без разлика дали бидејќи се скршиле, се „истрошиле“ или се расипале, многу предмети по некое време мораме да ги замениме со нови.
Но, изгледа на некои луѓе им е тешко да се разделат со работите што ги користеле со години.