Од прошетки на дожд до едноставност во облекувањето и уредувањето на домот, што можеме да научиме од најсреќните држави во светот?
Скандинавскиот стил на живот е сѐ популарен. И не станува збор само за минимализмот во уредувањето на ентериерот, туку комплетно за стил на живеење.
Скандинавците важат за многу среќник луѓе, на пример Норвешка често се наоѓа на првото место на листа најсреќни држави на светот.
Ајде да „украдеме“ некои трикови од Скандинавците:
Минимализам и функционалност во уредувањето на ентериерот, сѐ треба да биде едноставно и да се оди на квалитет, а не на квантитет.
Природната светлина да биде фокусот при бирање и уредување на домот, колку повеќе, толку подобро.
Изборот на стајлинг да се фокусира на функционалност и да биде едноставен.
При чистење секогаш да се исфрлаат непотребните работи.
На прво место секогаш да бидат природните материјали и здравата исхрана, неопходно да се живее во согласност со природата.
Животниот стил да се базира на уживање во малите и едноставни работи.
Секогаш да се издвојува време за одмор и за најблиските.
На работното место да се однесат растенија, рамки со фотографии и сѐ што е потребно за да се направи интимно и природно.
Да се шета во природа без разлика на временските услови, прошетките за дожд се прекрасни.
Главна работа во животот им е балансот, тие не сакаат ниту премногу, ниту премалку од ништо.