Секој од нас во своето детство минувал низ период во кој потрошил часови и часови играјќи видеоигри. Иако напредокот на технологијата ги поместува сите граници и денес имаме огромен број на видеоигри со совршено добра графика, факт е дека оние старите секогаш ќе ни будат носталгични сеќавања.
Исто така, неизбежно е да го споменеме влијанието на цртаните филмови на Волт Дизни врз нашето детство, такашто овој пат за вас ќе ги издвоиме најпознатите 10 Disney видеоигри кои дефинитивно оставија печат врз нашата младост:
1. Hercules
Видеоиграта ,,Херкулес’’ претставува акција којашто е објавена во 1997 година од ,,Disney Interactive” и е базирана на анимиранот филм со истото име.
Оваа извондредна видеоигра ги прикажува битките низ античките светови, борбите против Титаните кои ја бранат Теба, како и спасувањето на Мег од подземниот свет.
За дополнителна возбуда при играњето придонесуваат музиката и вистинските гласови од цртаниот филм, како и вистинските секвенции од филмот.
2. Tarzan
Приказната за човекот од џунглата со име Тарзан исто така е преточена во една извонредна акционо-авантуристичка игра, којашто за првпат е објавена во 1999 година од страна на Sony Computer Entertaiment, наменета за Sony PlayStation.
Истата година оваа видеоигра го доживеала своето компјутерско издание, а една година подоцна и за Nintendo 64.
Преку шест големи нивоа, скокајќи по дрвјата и решавајќи лавиринти, Тарзан треба да пристигне до својата цел, а тешкотијата му ја зголемуваат разните стапици, животни и пожари.
3. Lion King
Големиот круг на животот врз нас го фрли еднo од ремек делата на Disney од кое никој сè уште не останал рамнодушен. „Lion King“ неодамна е прогласен за највисоко оценет анимиран филм.
Видеоиграта за малото лавче кое неуморно се бори за својот престол за првпат е објавена во 1994 година, а во 2000 година е сосема усовршена.
Таа го следи патувањето на Симба од младенче, па сѐ до битката со неговиот злобен чичко Скар, како возрасен. Уживањето на оваа авантура која се одвива низ 10 нивоа, го надополнуваат светско познатите нумери: „I just can’t wait to be king“, „Hakuna Matata“ и маестралната „Can you feel the love tonight“.
4. The Little mermaid II
Видеоиграта за анимираниот фантастично-романтичен филм кој ја раскажува приказната за малата сирена којашто мечтае да стане човек се појавува во 2000 година.
Водечката улога ја има младата девојка со перја, по име Ариел која поради својата љубов кон принцот Ерик се жртвува и станува човек. Измамена од злобната Урсула, Ариел треба да помине низ интересни и возбудливи нивоа, за на крај да се бори со страшната и моќна Урсула.
5. Aladin
Играта за авантурите на Аладин е пласирана како една од најпродаваните видеоигри на овие простори со избројани вкупно четири милиони примероци. Издадена во 1993 година, а потоа и во 2000 година, оваа видеоигра претставува одлична занимација за младата популација.
Итриот Аладин и неговиот мајмун и миленик Абу, треба да се спротистават на многу препреки за да ја ослободат принцезата Јасмин и да го совладаат лошиот везир Џафар.
Избегнувањето на опасни пречки, бегство од пештерата, возењето на летачкиот тепих со принцезата Јасмин, бранови од лава се само неколкуте знаменитости коишто ја прават оваа игра толку разновидна и посебна.
6. 102 Dalmatians: Puppies to the Rescue
Приказната за тотално неодоливите 102 далматинци е преточена во фантастична видеоигра наречена „Puppies to the Rescue“. Добропознатите негативни ликови Круела и нејзиниот соработник се оставени за самиот крај, додека пак останатите нивоа се сведени на спасувањето на многубројните кученца.
Малиот Домино или неговата сестричка ја заземаат главната улога во оваа авантура и тие се секогаш придружувани од некое животинче коешто им помага да го совладаат нивото. Оваа видеоигра е издадена во 2000 година.
7. Peter Pan: Adventures in Never Land
Секој од нас барем еднаш во своето детство мечтаел да ја посети фамозната Недојдија, местото каде што засекогаш осануваш дете. Фантастичната приказна за Петар Пан, борбата со пиратите и потрагата по богатството својата реализација како видеоигра ја доживеала во 2002 година.
Негативецот, Капетанот Кука е во потрага по некое скриено богатство, а задачата на Петар Пан и неговата самовила Ѕвончица е први да стигнат до него. Петар Пан низ динамичните нивоа може да лета, како и да се брани фрлајќи ножеви или бомби.
Помеѓу нивоата, играчите со своите собрани пердуви може да си купат предмети од индиска продавница, со чија помош полесно ќе ги совладаат потешкотиите.
8. Lilo & Stich
Прекрасна приказна која преку огромната љубов и вера нè тера да веруваме дека сѐ е возможно, ако навистина се потрудиме. Тоа го откриваме преку ликот на младата хавајска девојка по име Лило и нејзиното навидум „куче“ по име Стич.
Оваа акциско-авантуристична видеоигра за првпат се појавила во 2002 година. Контролите ги преземаат токму самите најдобри пријатели Лило и Стич, кои се соочуваат со разни препреки против кои се борат со помош на бомби од ананас и други заштитни предмети за полесно да дојдат до својата цел.
9. Monsters, Inc. Scream Team
Оваа видеоигра ни ја раскажува возбудливата приказна за чудните, шарени суштества Мајк и Сали и неодоливото, слатко девојче по име Бу. Неизбежно е да се истакне во блескаво светло, бидејќи таа постигна огромен успех и ги освои срцата на луѓето низ целиот свет.
Видеоиграта сочинува вкупно 12 нивоа, за прв пат допре до јавноста во 2001 година. Нивоата се поделени меѓу трите терени за обука кои се наоѓаат на островот Скаре.
Играчите може да изберат да играат како Сали или Мајк, при што секое чудовиште има различни потези и способности. Целта на оваа игра е успешно да се исплашат сите деца-роботи на островот, па така да се истакне како чудовиште со врвни почести.
10. Disney’s Animated StoryBook Mulan
Мошне веројатно е да не постои таков кој не ја чул приказната за пожртвуваната и храбра девојка Мулан, којашто за да го замени местото на својот болен татко се пријавува во Кинеската армија.
Нејзиниот таканаречен ,„заштитник“ е хумористичниот и непредвидлив змеј Мушу, кој навистина останува со неа до самиот крај. Во оваа видеоига тој е во потрага на изгубените свитоци и мора да ги земе назад за да си ја врати изгубената магија.
Разни активности, загатки, истражувања, облекување на главните ликови и пеење караоке се само неколкуте карактеристики кои ја прават оваа игра специфична и интересна за играње. „Disney’s Animated StoryBook Mulan“ своето објавување го доживува во 1998 година.