Дали некогаш сте имале комплекси околу својот изглед? Можеби околу носот? Време е да сфатите дека токму тој ве прави уникатни.
Во последно време актуелна е ринопластиката и многу жени се одлучуваат да го коригираат својот нос со помош на пластична операција.
Но, дека убавината се крие токму во несовршеностите се доказ овие девојки кои научиле како да ги сакаат своите „несовршени“ носеви.
И додека некогаш им биле комплекс, денес им се омилен дел од нивното лице затоа што ги прават уникатни.
Девојки кои научиле да ги сакаат своите „несовршени“ носеви:
„Сонував за ринопластика од 14 години, но сега на 21 година се премислив.“
„Порано го мразев својот нос, но сега ми е омилен. Го обожавам својот профил.“
„Го сакам својот голем нос, ми стана заштитен знак.“
„Родена сум со остри уши и нос, има ли некој друг како мене?“
„Никогаш не го сакав мојот нос како компир, особено кога се смеев, но сега го прифатив.“
„Порано многу се грижев за мојот несовршен нос, но сега имам многу поголеми проблеми од тоа.“
„Минав долг пат за да се прифатам себеси и својот нос, па не планирам сега да правам ринопластика.“
„Порано користев филтери на фотографиите за да го средам својот рамен нос, но сега го прифатив.“
„Цел живот го мразев својот нос, но се премислив, сега мислам дека ми дава аристократски изглед.“
„Неодамна сфатив дека всушност ми се допаѓа мојот нос.“