во

Швеѓанка со забавни пораки на табла им мами насмевки на мајките

Мајка на три деца со забавни текстови на табла го опишува мајчинството.

Ана Магнусен постојано си го зголемува бројот на обожаватели на Instagram благодарение на нејзината смисла за хумор и способноста да им измами насмевка на мајките.

Пред да станам мајка не знаев дека одењето во WC насамо е толку голем луксуз.

Куќата беше беспрекорна пред 4 години. Извини, ја пропушти.

Ако еволуцијата навистина функционира, тогаш како мајките имаат само две раце…

Драга свекрво, те молам не ми кажувај како да ги воспитувам моите деца. Живеам со едно од твоите и тој не е совршен…

„Многу сум одморена“ – рече ниту една мајка, никогаш.

Јас, му се јавувам на сопругот за да му кажам дека ги заспав сите три деца пред 19:30 часот – Победив.

Синовите штотуку ми се заканија дека нема да ми зборуваат до крајот на денот. 3% сум навредена, а 97% се надевам дека ќе си стојат на зборот.

Ги гледам сите оние мајки на Pinterest кои прават домашни тестенини од спанаќ. Јас седам тука и си велам: „Вчера се истуширав и ги одржав децата во живот“.

Никој не ми кажа дека и јас ќе се вратам дома со пелени…

Се сеќавате кога бевме бремени и си мислевме: „Не може да бидам поуморна од ова“… Ха ха ха помош!

Породилно отсуство: Кога немаш појма кој ден е, но некако знаеш колку часа е старо твоето бебенце.

Добрата вест е дека бебето спиеше цела ноќ. Лошата вест е дека моите дојки не спиеја…

Не биди толку строга кон себе. Мајката во „E.T.“ имаше вонземјанин кој живееше во нејзината куќа со денови и не забележа.

Кога сите доаѓаат да го видат бебето, кој ќе дојде да ја види мајката.

6 месеци: Погодете кој спиеше цела вечер? Јас не, но се обложувам дека некој спиеше.

Мама и Тато ме одржаа во живот точно три години, а не можат да одржат во живот растение ни два месеци.

Не е тешко да се грижиш за децата. Тешко е да правиш што било друго додека се грижиш за децата.

Испаѓа дека сите години во кои играв „Меморија“ како дете всушност само ме тренираа да спојувам чорапи како возрасна личност.

„Мама, може да седам во мојата соба и тивко да си играм додека ти спиеш до 8 часот наутро“ – рече ниту едно мало дете никогаш.

Моментот кога на бебето кое го доиш ќе му никнат заби и ќе си мислиш „Baby Shark do do do do do“.

Пред да станам мајка не знаев дека ќе одлучувам што ќе облечам врз основа на тоа колку е достапни моите дојки.

Сакав да бидам совршена мајка, но одбрав да бидам среќна наместо тоа.

По 10 години бебето нема да се сеќава кој го држеше, но мајката засекогаш ќе се сеќава која ја држеше неа.

Да бидеш мајка не е работа. Мајката никогаш не се пензионира.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Различната перцепција за времето и парите низ реални ситуации од секојдневието

Татко создава животни според детските цртежи со помош на Фотошоп, резултатот ќе ве насмее