Ентони Лофредо, роден во Франција, мораше да отпатува во Барселона за да ги има процедурите, бидејќи во Франција се сметаат за нелегални. Додека модификацијата на телото станува сè попопуларна, Лофредо дефинитивно ја однесе во нови крајности.
Покрај тоа што сега нема нос и го расцепкал јазикот на два дела, Лофредо ја истетовирал целата кожа и белките на очите, има пирсинг по целото лице, вклучително и низ брадата и вметнати импланти како рогови во главата. Исто така си ги отстранил и ушите.
„Уште од најмала возраст имав страст за мутациите и трансформациите на човечкото тело. Имав клик кога бев чувар. Сфатив дека не го живеам животот како што сакав. Оставив сè на 24 и заминав за Австралија.“, вели тој.
Неговиот „Проект за црниот вонземјанин“ се чини дека напредуваше во изминатите неколку месеци и покрај тековната здравствена криза. Во април, Лофредо сподели слика на себе со целосно тетовирано лице, импланти на главата и пирсинг, кажувајќи им на своите следбеници дека вонземјанската трансформација е 10% завршена.
Лофредо бил во посета на модификаторот на телото со седиште во Барселона, Оскар Маркез, за голем дел од својата работа. Самиот Маркез е прилично карактеристичен дечко, со неколку пирсинзи, тетоважи и импланти во главата – но неговиот клиент дефинитивно победува во однос на тоа кој изгледа пострашно.
Дури неодамна Лофредо беше подложен на ринотомија за да го надополни својот изглед на вонземјанин, а сепак вели дека само 16% од модификациите му се завршени.