во

Трговска куќа распишала оглас за вработување на продавачи. Јавиле се многу луѓе и идат…

Трговска куќа распишала оглас за вработување на продавачи. Јавиле се многу луѓе и идат на тестирање. Влегуваат еден по еден и се исти прашања. Доаѓа на ред Мите и него го прашуват:

– Колку се два и два?

– Чекајте малку да размислам.

– Ќе го земеме овој, гледаш колку е внимателен.

Чекај има уште кандидати. Мите, што биде колку се два и два?

– Два и два се четири.

– Земаме го.

– Чекај.Следниот. Влегува Перо.

– Ајде Перо. Колку се два и два.

– Четири, како од топ одговара Перо.

– Земаме го. Гледај колку е брз.

– Чекај има уште кандидати. Следниот.

Влегува Томче. И на него истото прашање.

– Колку се два и два?

– Ве молам дајте ми лист и пенкало да пресметам.

– Го земаме овој. Многу е внимателен и педантен.

– Чекај. Имаме уште еден кандидат. Ајде нека влезе Ќиро.

Влегува Ќиро. Истото прашање и за него:

– Колку се два и два?

– Зависи.

– Како бе, зависи? Од што ЗАВИСИ?

– Зависи од тоа дали купувам или продавам. Ако купувам два и два се три,а ако продавам, два и два се пет.

– Е овој ќе го земеме. Роден е за трговец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Многу си ослабнал Славе. Што е ова коски и кожа си се направил !? И крвта ти е слаба….

Под бандера некоја плавуша бара нешто. Доаѓа Полицаец и ја прашува…