Татко покажува што би се случило кога детските цртежи би станале реалност, а резултатот ќе ви измами широка насмевка.
Том Картис од Лондон има две деца, 11-годишниот Дом и 8-годишниот Ал, па редовно ги „оживува“ нивните цртежи со помош на Фотошоп. Откако го создал профилот „Things I Have Drawn“, неговата работа се претворила во поголем и поодговорен проект кој ги вклучува цртежите на многу други деца.
Делфини, жирафи, птици, мечки… Погледнете како би изгледале детските „животни“ во вистинскиот живот.