Таксист му раскажува на свој колега:
-Качувам една девојка од Карпош 4. Таа ме прашува:
-Може ли до Аеродром? Колку ќе ме кошта?
Јас и велам:
-Сигурно околу 200 денари.
-Ама, имам точно 200 денари, да не излезе повеќе ќе нема да можам да ви платам! – ме предупредува.
Ја прашав:
-Тогаш зошто се качувате во такси, ако немате пари? Сега, ако излезе сметката 240, што ќе правите?
А таа ми одговара срамежливо:
-Тогаш … Ќе треба да ви посвирам.
-На што ќе ми посвирите? – ја прашувам.
-Па, на кавалот.-и наведна глава.
-Ја гледам, ми изгледа интелигентна жена, не и личи да зборува такви работи, но од љубопитност решив да ја однесам.
-И што се случи потоа? -прашува колегата.
-Па во Центар не фати голема гужва..ужас. Кога стигнавме во Аеродром, таксиметарот покажуваше 280. И велам:
-И сега што правиме?
-Ќе ви посвирам! – ми одговори таа. Бараше во чантата и извади од внатре еден кавал. Почна да свири, и кога ми исвири една мелодија го врати кавалот во чантата и ми рече: “Убав ден!” и си замина…