Талентиран артист од Иран преку цртежи ја прикажува вонредната ситуација во која се наоѓа светот додека се бори со новиот коронавирус.
Главни протагонисти во илустрациите на Алиреза Пакдел се хероите кои се први на удар на фронтот – медицинските лица, пожарникарите, полициските службеници…
Заедно со пораки како „Само надежта е посилна од стравот“ и „Седете дома“, тој со своите дела допира до илјадници лица.