во

Сопственичка се шокирала кога видела дека кучето ѝ искинало 2.000 долари

Домашните миленици носат среќа и радост во животот на нивните сопственици, но понекогаш можат да предизвикаат значителна штета.

Сопственичката на лабрадор ретривер, Ким Курк го почувствувала тоа на своја кожа.

Имено, таа го оставила своето куче само два часа во станот. Меѓутоа, кога се вратила, имала што да види.

Кучето успеало да ги грабне парите кои биле на масата. Изело и искинало повеќе од 2.000 долари, а сопственичката заплакала кога видела каков неред направило кучето.

Видеото собрало преку 22 милиони прегледи на ТикТок, а Ким подоцна објаснила дека таа и нејзиниот сопруг прават сè што можат и ќе се обидат да ги заменат парите во банка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Костимот на невидлив човек ги остави луѓето зачудени: „Ве молам кажете ми како му успеало ова“

Видео од 75 милиони прегледи: Овие алпаки кои скокаат преку вир станале хит