во

Си биле двајца риболовци. Се среќаваат по долго време и едниов го прашува другиов…

Си биле двајца риболовци. Се среќаваат по долго време и едниов го прашува другиов.

– Како риболовот?

– Абе риболовот супер, али црви не можам да најдам никако!

– А за црви лесна работа, ќе земеш една батерија ќе бутнеш 2 жички во земја и црви од струјата излегуваат како луди!

После некое време се среќаваат, а овој што прашувал за црвите цел во гипс, со штаки …

– Ееее кај си бе ти, што направи со црвите?!

– Абе гони се и ти и твоите црви!!!

– Зошто бе!

– Абе направив се како што ми кажа земав 1 батерија ставив 2 жички во земја чекав саат време излегоа два црва, па си викам слаба е струјата.

Земав од акумулаторот извадив 2 жички ставив во земја после саат време излегоа 5 црви, викам ај пак е слаба струјата, па гледам таму еден далековод.

Земав од него 2 жици ги ставив во земја. Кога за 5 минути ми излегоа 6 рудари мамето ми го е*аа!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тоа е докторе, не можам да имам деца…

Си биле маж и жена живееле во колиба каде што немало ни електрична енергија…