Замислете утринското кафе да го пиете во шолја од 24-каратно злато, а потоа се капете во златна када…
Во Виетнам се отвори хотелот „Dolce Hanoi Golden Lake hotel“ кој е обвиен во злато. Таму дури и плочките во бањите, потоа кадите, шолјите за кафе, тоалетната школка, па дури и бесконечниот базен се од 24-каратно злато.
Хотелот со 5 ѕвезди се градел 11 години и одговорните тврдат дека е првиот хотел во светот со златни плочки.
Се наоѓа во центарот на главниот град на Виетнам покрај езерото Giang Vo.
Има 400 соби, 25 ката и цените почнуваат од 277 евра за соба и стигнуваат и до вртоглави 5.770 евра за метар квадратен.
Како изгледа овој неверојатен хотел: