во

Се возел еден моторџија кога одеднаш патот му го пресечува див зајак…

Се возел еден моторџија кога одеднаш патот му го пресечува див зајак и сакајќи да избегне да го прегази завршил во ендекот покрај патот.

Прилично зашематен и со мали повреди по главата и рацете излегол од ендекот и во тој момент застанала една кола, од неа излегла една многу убава девојка. Го прашала дали е добро и дали му треба помош.

Човекот рекол не, добро сум.

Девојката рекла не, не, повреден си, влегувај во кола, ќе те однесам дома ќе те преврзам…

Човекот рекол, не не треба а и жена ми ќе се лути.

Девојката рекла, ама ајде јас сум медицинска сестра, ајде влегувај.

Влегол човекот во колата велејќи, на жена ми оваа нема да и се допадне…

Отишле во куќата на девојката го преврзала и потоа го повикала в кревет.

Човекот пак рекол оваа никако нема да и се допадне на жена ми.

Ама ајде рекла девојката, таа нема ни да знае. А каде е жена ти сега, прашала двојката.

Па сигурно сеуште лежи во ендекот одговорил човекот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Малиот Марко седи на маса и чкрта на лист хартија…

Ќерко, овај твојо многу ќуте…