Едно семејство открило исклучително уникатни морски суштества во Северен Велс во вредност од неверојатни 65.000 долари. Мартин Грин (47) и неговото семејство одморале покрај велшкиот брег кога патувањето на плажа им донело неочекувано откритие.
Семејството наишло на големо парче дрво со илјадници суштества со пипала и лушпи на него, кои изгледаат како „мини вонземјани“. Мартин снимил видеа и фотографии од надреалните суштества – за кои се вели дека се „Pedunculata“ вид на ретки ракови, кои живеат на цврта површина како дрво или камен. Тој својот пронајдок го споделил на Фејсбук.
Синот на Мартин ги разгледал чудните суштества за да идентификува што се и тогаш откриле колку вреди ова откритие. Очигледно, „Pedunculata“ се деликатес во Португалија и Шпанија и се продаваат за околу 125 долари за килограм.
Мартин проценил дека има 2.000 од нив прицврстени на дрвото и тие би вределе 65.000 американски долари. Се смета дека тие се најскапите морски суштества што можете да ги купите.
Според SD Food Travel, причината што тие се толку скапи е затоа што се „крајно вкусни“. „Pedunculata“ најчесто се наоѓаат во Галиција, Шпанија, иако областа е позната како „Брегот на смртта“.
https://www.facebook.com/martyn.green.904/videos/10158506554407068/?t=0