Еден свештеник од Мичиген го благослови интернетот со некои духовити ‘мемиња’, откако неговите фотографии на кои со пиштолче со света вода ги прска верниците, станаа вирални.
Минатиот месец, отецот Тим Пелц од католичката црква „St. Ambrose Parish“ во Детроит се обидел да пронајде начин како да одржи социјална дистанца за време на Светата недела среде пандемија на коронавирус. Вели дека размислувал како на децата да им го доближи искуството на Велигден и покрај карантинот, па дошол до идеја поради која стана хит на интернет.
Пелц направил полигон за верниците, кои со доволна оддалеченост ги благословил и нив и нивните велигденски корпи со пиштолче за вода, а дури и се консултирал со лекар од брза помош за да се увери дека нема да загрози никого.
https://www.facebook.com/stambroseparish/posts/2573859956164663
„Не само што е безбедно, туку е и забавно. И тој дојде со децата“, рекол еден свештеник за „BuzzFeed News“.
Иако фотографиите се објавени минатиот месец, дури неодамна станаа вирални благодарение на дискусијата на Твитер и битката со Фотошоп на Редит
A Priest giving social distance blessings with a squirt pistol and what, I'm assuming, is Holy water. 2020 folks. pic.twitter.com/iDnYs33hs9
— Jeff Barnaby (@tripgore) May 15, 2020
„Да немав маска на овие фотографии, веројатно би бил многу среќен. Но, совршено сум среќен што тука сум маскиран свештеник“, рекол Пелц.
Еве некои од најдобрите фотомонтажи.