Ѕвони телефонот во болницата:
– Ало, се јавувам да прашам за Николов од соба број 6.
– Само момент господине, да го најдам картонот… Да, значи скршеницата зараснува добро, по 3 дена ќе го извадиме гипсот.
– А ќе треба ли уште да остане во болница.
– Да, ќе го пуштиме по 1 недела, ако сѐ биде во ред на снимката. А кој се јавува, некој близок од семејството?
– Не, јас сум Николов од соба број 6, ама тука никој ништо не ти објаснува.