Паскал Кемпион низ прекрасни илустрации ни ја прикажува врската мајка-ќерка, која е истовремено и комплицирана, и емотивна, и пресилна, и чиста како солза. Мајките се први учителки на нивните ќерки, нивен најголем пример, нивен идол, но кога ќе дојдат тинејџерските години, мајките се тие кои ги добиваат најсилните „удари“… Но, и најголемите награди.
„Оваа врска е скапоцена, тешка и загадочна. Само не на начинот на кој очекувавте пред да станете родител. До сите мајки: вие сте неверојатни“ – пишува Кемпион.