Промената на фризурата може да направи чуда за вашиот изглед. Досега сме објавувале различни галерии од дела на фризери и стилисти кои покажуваат колку е значајна фризурата за целокупниот изглед.
Овој пат, Bored Panda објави галерија од фотографии на литванската фризерка Јургита Малакаускаите која вели дека нејзината работа не е само да му направи фризура на клиентот, туку и да му даде искрен совет, особено на жените, да не заборават да се сакаат себеси.
Јургита станала фризерка на 16 години, кога родителите ѝ отвориле салон во родното гратче. Денес има над 24 години работен стаж и постојани клиенти чиј изглед со љубов го трансформира.