во

Поучна приказна: Кренете раце од тврдоглавото магаре (кое ве убедува дека тревата е сина)

Магарето му вели на тигарот: „Тревата е сина“.

Тигарот изненаден му вели: „Не, тревата е зелена!“

Конфликтот кулминирал, па одлучиле да се обратат кај лавот, кралот на сите, за решение.

Уште не стигнале до неговиот трон, а магарето веќе почнало да вреска:

„Ваше височество, дали е вистина дека тревата е сина?“

Лавот одговорил: „Вистина е. Тревата е сина.“

Магарето продолжило: „Тигарот не се сложува со мене и ми противречи за да ме нервира, те молам казни го!“

Лавот изјавил: „Тигарот ќе биде казнет со 5 години молк!“

Магарето радосно скокнало и продолжило по својот пат велејќи си: „Тревата е синааааа“.

Тигарот ја прифатил казнат, но пред тоа го прашал лавот: „Ваше Височество, зошто ме казнивте кога тревата сепак е зелена.“

Лавот му одговорил: „Да, тревата е зелена, но те казнив затоа што на интелигентно суштество како тебе не му прилега да губи време карајќи се со магаре, па згора на сé и да ме вознемирувате мене со тоа прашање.“

Поука:

Најлошо е да губите време во расправање со будала, на која не ѝ е грижа ниту за вистината, ниту за реалноста, туку само сака да стигне до својата победа.

Никогаш не губете време во бесмислени дискусии. Има луѓе кои немаат знаење, ниту моќ за разбирање, а само се заслепени од его, омраза и своите себични интереси и единствената работа која ја сакаат е да бидат во право.

Кога незнаењето вреска, интелигенцијата молчи. Твојот мир и спокој вредат повеќе од што било друго.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ретро табла со прекинувачи за тоалет – ја имавме во речиси сите домови во Македонија

13 Разочарувачки Фотографии: „Што сакав, а што добив“