во

Пикачу ти си? Жена случајно си ја направи мачката жолта, затоа што ја лечела со народен лек

Мачка во Тајланд си доби светло жолта боја, „благодарение“ на нејзината сопственичка. Тамапа Супамас забележала дека нејзината мачка има инфекција и мислела дека народниот лек со куркума е најдоброто решение. Таа првин ѝ го нанела зачинот на веќе инфицираната нога, но ѝ било страв дека инфекцијата ќе се прошири и на останатиот дел од крзното па ставила куркума на целата мачка.

Откако го завршила „експериментот“ Тамапа сакала да си ја измие мачката, но бојата никако не излегувала. Таа ги споделила фотографиите од своето инаку, бело маче и луѓето веднаш почнале да го споредуваат со цртаниот лик, покемонот Пикачу.

За да ја направи ситуацијата поинтересна Тамапа фотошопирала додатни работи за мачето да „стане Пикачу“. Сепак важно е да се напомене дека куркумата си ја завршила својата работа и мачето е излечено од инфекцијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Фотографии кои покажуваат колку се промени нашиот свет со текот на времето

20 „Пред и потоа“ споредби за мотивација – неверојатни луѓе кои ја добиле битката со килограмите