Кога станува збор за заштита од крадци, зарем има некој со подобри совети од луѓето кои порано го правеле тоа? Не постои оправдување за нивните дела, но барем може да послужат нивните совети. Иако не треба да размислуваме на тоа, сепак добро е да бидеме подготвени во некои случаи.
Неколку корисници на Reddit имаат споделено дека се поранешни крадци и ги охрабруваат корисниците да им поставуваат секакви прашања во врска со нивниот поранешен „занает“.
Дел од корисниците им поставиле прашања како „Што те натера да почнеш да крадеш?“ или „Зошто престана со крадење?“, но постојат и оние кои побарале совет за да ги заштитат нивните домови.
Поранешните крадци со задоволство одговориле на скоро сите прашања, а во продолжение можете да погледнете кои се нивните најпопуларни совети:
Ставете прозорци со дупло стакло
Прозорците со едно стакло можат да бидат многу лесни за кршење, па ако планирате да го реновирате домот, ставете прозорци со дупло стакло.
Не ставајте висока ограда во дворот
На крадците многу повеќе им годат високите огради, бидејќи тогаш се скриени од очите на соседите додека се обидуваат да влезат во некоја куќа. Поранешните крадци од Reddit тврдат дека скоро никогаш не ограбувале куќа со ниска или без никаква ограда.
Не сметајте дека кучето ќе ве заштити од крадци
Кучињата се дружељубиви животни, па ако крадците имаат и најмало искуство со нив, лесно ќе ја придобијат нивната доверба.
Интересно е што на Reddit, поранешните крадци советуваат дека подобро е да чувате мало куче, бидејќи овие раси лаат многу повеќе и погласно. Сепак, не постои правило за ова, па не го земајте „здраво за готово“.
Знакот „Пази куче“ е бескорисен
Овој знак нема да ги исплаши крадците туку, напротив, ќе им каже за што да бидат подготвени. Па, ако имате куче, најдобро е да не ставате ваков знак, крадецот ќе биде изненаден и исплашен, па може да си отиде.
Потпрете метла на влезната врата
Метлата нема да го спречи крадецот да влезе, но ако сте сами дома, ова е одличен начин да бидете „известени“ дека некој ја отворил вратата – метлата ќе падне и ќе направи гласен звук.
Ако не сте дома на неколку денови, замолете некој да ви ја собира поштата
Штом крадците ќе забележат дека пред вратата или во поштенското сандаче има многу сметки и пликоа, веднаш ќе претпостават дека домот е празен. Затоа, ако сте отсутни од дома на подолго време, замолете некој сосед да ја собира и вашата пошта.
Држете ги завесите отворени
Затворените завеси нема да ги спречат крадците да влезат, па дури ќе им нудат и заштита од погледите на соседите. Па ако не сте дома, велат дека е подобро да ги оставите завесите малку тргнати.
Сепак, ова може да биде и ризично бидејќи може да се открие некој вреден предмет преку прозорецот, па зависно од вашата поставеност на домот, вие најдобро ќе одлучите што е попаметно.
Поставете ги безбедносните камери во висина на очите
Ако сакате да инсталирате безбедносни камери, осигурете се дека барем една ќе биде поставена во висина на очите. На овој начин има поголема веројатност да го снимите лицето на крадецот ако веќе дојде до таму.
Не ги чувајте клучевите од гаражата во автомобилот
За крадците е многу полесно да обијат врата од автомобил, па ако внатре оставите клуч до гаражата, а одовде имате влез до домот, ќе му помогнете полесно да влезе внатре.
Не ставајте роденденски декорации во дворот
Роденденските декорации значат дека неодамна сте имале роденденска прослава, што значи дека во домот најверојатно има и некој скап подарок, вреден за крадење. Затоа, воздржете се од поставување роденденски декорации надвор од домот или на видик.
Фокусирајте се на безбедноста во текот на денот
Поранешните крадци на Reddit велат и дека обично краделе во текот на денот. Имено, тој период најверојатно домот е празен и помал е ризикот да бидат фатени. Мал број крадци се осудуваат да влезат во нечиј дом навечер, кога постои можност да ги разбудат луѓето кои живеат таму.