Осветлувајќи го мрачниот пустински град Тонопа, Невада со својот неонски знак, овој пекол далеку од дома е задолжителен за љубители на кловнови и кошмар за сите останати луѓе. За да бидат работите уште поморничави, се наоѓа веднаш до стари гробишта. Еднаш бил и прогласен за „Најстрашен мотел на Америка“.
Идејата да се создаде ваков мотел му припаѓа на Хаме Ананд. Сѐ започнало во неговата родна земја Индија, кога Хаме имал само 14 години. Во неговиот град пристигнал циркус кој бил полн со тигри, слонови, акробати, сетоа ова му било премногу на Хаме така што по 15 минути си излегол од шоуто.
Откако го убедиле повторно да се врати тој бил фасциниранод кловнот на сцената. Од тој ден станал опседнат со кловнови и почнал да ги собира. Во 2017 година тој почнал да живее во Лас Вегас. Тогаш тој работел 10-часовни смени во Амазон и му помагал на семејството со маркетингот во мотелот.
Тој во тој момент имал колекција од 200 кловнови и решил да ги „вложи“ во мотелот и да го развие туризамот, затоа што Тонопа е многу мало место. Уште од претходниот сопственик за ова место кружеле гласини дека се случуваат паранормални активности, па на Хаме му бил потребен само добар маркетинг.
Според гостите 108, 109, 210, 215 и 217 се најплодните простории за паранормални инциденти. Тој има креирано тематски соби од хорор филмови. Тој е исто така во процес на создавање соби со посебен поглед на гробиштата. Луѓе од целиот свет со љубопитност го посетуваат овој мотел.