Слаѓан Кнежевиќ од Србија има Инстаграм профил со повеќе од 754.000 следбеници, каде споделува забавни српски твитови.
Дел од нив верувам дека ќе ве насмеат до солзи.
Се согласувате ли со нив?
На луѓето кои обожаваат кафеана, треба да им се даде додаток на плата. Нека уживаат во животот секој ден.
Компирот е света билка, од помфрит до вотка, покорисен е од мене, иако имам две раце и нозе.
Позади секое убаво воспитано дете стои мирна, насмеана мајка која по дома се дере како „луда“.
На мојата баба личната карта ѝ важи до 2052 година, па се грижи како на 118 години ќе оди да ја продолжи. Јас и кажав „Ќе те возам јас, ако бидам жив“.
На работа сите сме лесно заменливи, но кога треба да земеме слободен ден – нема кој да нè замени.
Ми испадна телефонот од раце и за малку ќе паднеше на мекиот тепих, но благодарение на моите неверојатни рефлекси успеав со ногата да го треснам од ѕид.