Како што природата создала убави работи во кои уживаме секој ден, така создала и некои места на кои не би сакале да се најдеме.
Сепак, меѓу нас секогаш има авантуристи и бестрашни луѓе, кои се подготвени да се впуштат во сите авантури и да ги посетат дури и овие ужасни места.
Патот на смртта, Боливија
Официјално познато како North Yungas Road, ова место со причина си го добило и името Патот на смртта. Овој пат бил изграден од воени затвореници во 1930-тите и го поврзува главниот град Ла Паз со областа Јунгас.
Во 1995 година бил официјално прогласен за најопасен пат во светот.
Во просек, на овој пат умираат 300 луѓе годишно. Но, како што рековме, има бестрашни луѓе кои живеат меѓу нас, па околу 25.000 „лудаци“ доаѓаат да го посетат патот секоја година…
Пештерите Гомантонг, Малезија
Овие прилично интересни пештери се наоѓаат во Сабах, а секој што не сака инсекти и лилјаци треба да ги избегнува.
Имено, во пештерите живеат два милиони лилјаци, а почвата е полна со нивни секрети. Затоа, малку е да се каже дека пештерите имаат уникатен мирис.
На ова додајте и голем број лебарки, змии, скорпии, стаорци, ракови… и ќе го добиете најстрашното место на светот.
Полиња на пајаци, Австралија
Ако приказната од пештерата Гомантонг ви се чинеше застрашувачка, подгответе се за уште пострашна приказна која потекнува од градот Вага Вага, што се наоѓа во провинцијата Нов Јужен Велс.
Овде, секоја година илјадници пајаци ги покриваат нивите со своите мрежи.
Остров на змии, Бразил
Како што подразбира и името, со овој остров управуваат змии, и тоа некои од најотровните.
Ilha da Queimada Grande е мал остров кој се наоѓа на 25 милји од бразилскиот брег, а на луѓето им е забрането да го посетуваат од оправдани причини.
Тука живеат помеѓу 2.000 и 4.000 видови змии, кои останале „заробени“ кога нивото на морето се покачило, а овој дел од копното, едноставно, станал остров.
Исто така, тука живее и златната змија, една од најопасните во светот, чиј отров убива за еден час.