– Многу си ослабнал Славе. Што е ова коски и кожа си се направил !? И крвта ти е слаба.
– Што да правам докторе 40 кг. ослабнав и уште слабеaм…
– Па добро бе Славе ти јадеш ли?
– Јадам докторе.
– А што јадеш?
– Се јадам докторе се.
– Овошjе јадеш ли ?
– Јадам докторе како не. Јадам банани, киви, ананас и авокадо јадам, а за јаболки, крушки, праски, кајсии ич да не зборам.
– Добро. А зеленчук јадеш ли ?
– Јадам докторе, јадам. Јадам пиперки, патлиџани, компири, грав, леќа, лук, зелка јадам, штавел, марула, се јадам се се се.
– А млеко пиеш ли?
– Пијам докторе, и кисело млеко јадам, и јогурт пијам, сирење и кашкавал јадам, и кајмак јадам ама и павлака кркам.
– А месо? Месо јадеш ли?
– Јадам докторе како не.
– Какво месо јадеш?
– Секакво докторе. Свинско, јагнешко, јарешко, говедско, кокошки, риба. Печено, пржено, варено, динстано…
Секакво.
– Па добро бе Славе, се јадеш а слабеш, како може?!
– Е докторе у оваа наша вукојебина се може.
– Ама се јадеш…
– Е се јадам докторе ама НЕМАМ ПАРИ ДА СИ КУПАМ ЈАДЕЊЕ… А ИНАКУ СЕ ЈАДАМ!!!