Жената и мажот се будат на 8-ми март.
Жената слатко се протега и вели:
– Леле што убав сон сонив – како за 8-ми март ми даваш прекрасна бунда и дијамантски прстен! Што ли значи тоа?
Мажот ја бакнува и ѝ вели со насмевка:
– Чекај до вечер и ќе сфатиш што значи сонот!
Попладнето жената се враќа од работа, готви празнична вечера, ја мести масата свечено, пали свеќи… Мажот се враќа и носи убаво спакуван подарок. Таа брзо и со нетрпение го отвора подарокот и гледа книга „Толковник на соништа“.