„Првпат сама хранев и правев формули на бебе старо само неколку дена уште непрогледано. Мајка му и неговите братчиња биле прегазени со кола само тој останал жив, но сега има среќен дом во Англија“, раскажува Наталија Трпковска.
Наталија Трпковска е вљубеничка во животните и девојка која преку здружението „Шепасти Ентузијасти“ се обидува да им помогне на секој можен начин.
Сега, на својот Фејсбук профил таа повторно сподели една убава приказна со среќен крај…
„Одамна немам објавено убава приказна, многу од вас го знаат Mr. Badger за мене беше еден голем предизвик.. Првпат сама хранев и правев формули на бебе старо само неколку дена уште непрогледано…
Мајка му и неговите братчиња биле прегазени со кола само тој останал жив, па така ми го донесоа дома и не ми се веруваше колку е мал, колку една шака.
Се топлевме, се храневме, се галевме и плачевме кога се разделивме.. Сега си е вдомен во Англија и расте и е пресреќен, си има фамилија и си го живее животот најубав.
Јас секогаш ќе го сакам овој брко и секогаш ќе плачам кога ќе се разделувам од нив, но тоа е за нивно добро, секако поубав живот ќе имаат таму, него тука. Те сакам дете мое!“.