во

Која е најбесмислената работа на која сте потрошиле пари?

Дали некогаш сте зажалиле поради нешто што сте купиле? Или можеби подобро прашање е, колку пати сте зажалиле што сте потрошиле пари за нешто?

“BrightSide” собрал исповеди на луѓе за најбескорисните и најбесмилените работи кои некогаш ги купиле, а некои од нив веројатно сте ги купиле и вие. Сепак, доколку за нив тоа биле залудно фрлени пари, не значи дека истото ќе важи и за вас.

– Креветче за бебе. Четири години ми стои дома, откако се роди бебето. Зазема огромен простор, а не го користи никој освен мачките. Некогаш во него фрламе облека која чека да биде испеглана.

– Мојата девојка е луда по купување на кујнски апарати. Кујната ни е полна со некои вселенски уреди, разни блендери, миксери, тостери, а користиме само неколку лонци, тавче и неколку ножеви.

– Кога купувам некои работи кои се рекламираат на интернет, се чувствувам како идиот.

– Купив ски-опрема во вредност од 1.500 долари. Отидов два пати на скијање, го повредив коленото, и тоа беше тоа.

– Лакови за нокти, стотици од нив. Потрошив огромни суми купувајќи поразлична нијанса на розова која се разликува од останатите 149.

– Потрошив 100 долари за ласерско отстранување на влакна. Уште имам влакна.

– Платив годишна членарина во теретана. Таа година во теретана бев два пати. Еднаш за да уплатам…

– Купив прескапа торба за која сега морам да барам посебно столче кога седнувам во ресторан, за да не ја изгребам.

– Трофеј на кој пишува најдобра баба на светот…Имам 23 години, и сум машко.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ја реновирала куќата, па во ѕидот нашла порака стара 23 години и добила корисен совет

Езеро старо 50 илјади години стана розево: Експертите немаат објаснување