Можете да ги триете очите и да зумирате колку сакате, но сè уште нема да ви биде јасно за каков костим станува збор.
На Твитер се појави костим кој ги остави луѓето зачудени и се чини дека никој не може да ја открие неговата мистерија.
Костимите за Ноќта на вештерките можат да бидат прилично бизарни, но овој дефинитивно ја освои титулата за најмистериозен, а луѓето никако не можат да сфатат за што станува збор.
https://twitter.com/TeezySooSkep/status/1586530886270734336?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1586530886270734336%7Ctwgr%5Ee1d26dc2ecbb8cdf5eb0b10c7fd3a6cedc4f2db7%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F426526%2Fedit
Костимот е совршено осмислен до најситен детаљ – невидливиот човек носи јакна и панталони, црвени трегери во комбинација со пеперушка и очила и шешир. Но, модната комбинација не е она што ги збунува луѓето туку фактот дека во него се крие човек кој никако не може да се открие каде е.
„Толку сум збунет“, „Ве молам кажете ми како му успеало ова“, „Луѓето се обидуваат да го одгатнат ова во коментари, но кога ќе ги погледнам фотографиите повторно сум на почеток… Како?“, гласат дел од коментарите на Твитер.
https://twitter.com/TeezySooSkep/status/1586530886270734336?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1586538017728053253%7Ctwgr%5Ee1d26dc2ecbb8cdf5eb0b10c7fd3a6cedc4f2db7%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F426526%2Fedit
Мистеријата е решена… донекаде
Еден корисник на Твитер напишал дека очилата и шеширот ги држи некаков вид жица, а главата на човекот е всушност под пеперушката. Но, сè уште не е јасно како е постигнат трикот панталоните да изгледаат наполнето и чевлите да изгледаат како некој навистина да ги носи.
https://twitter.com/TeezySooSkep/status/1586530886270734336?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1586557939812384768%7Ctwgr%5Ee1d26dc2ecbb8cdf5eb0b10c7fd3a6cedc4f2db7%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F426526%2Fedit
Инаку, за генијалниот костим е заслужна една мајка од шкотскиот округ Ланаркшајр. Ким Гардинер го осмислила костимот за својот син Кол, а за изработката ѝ биле потребни „неколку недели и многу нерви“, изјавила за „Daily Record“.
Иако ѝ пристигнуваат пораки од цела Британија, Ким не сака да ги открие сите свои трикови така што мистеријата за невидливиот човек сè уште живее.