Целиот свет е погоден од корона вирус, а дизајнер од Словенија ја искористи својата креативност за да ги измени логоата на големите компании во насока на препораките за заштита.
Препораките веќе сите ги знаеме – одржување лична хигиена, одржување социјална дистанца, седење дома наместо излегување надвор во круг на луѓе и избегнување масовни собири.
„Само идеја како логоата би требало да изгледаат во овие тешки времиња. Држете се луѓе. Останете дома“ – вели Јуре Товријан за неговото креативно ребрендирање.
Погледнете како изгледаат предлозите за логоа на компании и организации: