Додека кај нас сите ги мериме квадратурите на становите и гледаме како да извадиме соба плус, Скандинавците и покрај добрите заработки, уживаат во животот во 24 метри квадратни.
Ова станче од 24 метри квадратни е на одлична локација во Стокхолм. Базата му е бела, помешана со неутрални тонови и е полно со светлина.
Стратешки поставената шарена завеса создава весела преграда и не го стеснува просторот.
Зеленилата додаваат живот на просторот, а минималните полички создаваат простор за складирање без да го затворат просторот.
Изгледа 20-тина метри квадратни се сосема доволни за удобен живот: