Не постои дете од 90-ите што не се сеќава на ликот на слаткото момче од опаковката на Киндер чоколадите – тој денес има 31 годинa, работи како модел, а открива и дека потекнува од Србија, каде што и живеел.
Алесандро Егер можеби не ви значи како име, но тоа е момчето чиј лик никогаш нема да го заборавиме, благодарение на рекламата на опаковката на Киндер чоколадите.
Препознатлива широка блескава насмевка и руса коса – токму така изгледа и денес, во 30-ите години.
Тој до ден-денес работи како модел, учествувал на повеќе од 50 модни ревии, а соработувал со реномирани брендови како Versace, Dolce&Gabbana, Armani, Moschino, Calvin Klein и други, а покрај манекенските ангажмани, се има појавено и на филмското платно.
По рекламата за Киндер, тој почнал да добива улоги во филмови во Италија, а во манекенството влегол сериозно дури на 21-ва година. И за филмската и манекенската кариера вели дека е потребна упорност за успех, а тој е благодарен на сите луѓе кои му помогнале во тоа.
Инаку она што е интересно за него е тоа што потекнува од Србија, а иако прошетал низ целиот свет и во детството се преселил во Италија, сепак вели дека до ден-денес му недостасува мирисот на домашно кафе, паркот и плоштадот во Баново Брдо, вујко му и селото каде што растел како дете, како и српската храна.
Од слатко момче до секси заводник – како изгледа тој денес: