Полицаец запира студент на улица и му бара лична карта. Овој почнува да превртува по џебовите:
– Извинете, изгледа ми останала во другата виндјакна!
– И што ќе правиме сега?, го прашува полицаецот. Имаш ли некој друг документ со твоја фотографија?
– Имам, еве индекс!
Полицаецот го прелистува индексот, гледа зачудено (се’ различни имиња и бројки), па му вели на студентот:
– Ауу, друже, колку адреси си сменил!