во

Иванчо, што ни дава кокошката?

Во училиште:

– Иванчо, што ни дава кокошката?

– Јајца.

– Браво! А што друго?

– Уште јајца.

– Добро, а ти на што спиеш?

– На кревет.

– А под глава, што ставаш?

– Рацете.

– Хм… Да се обидеме на друг начин – татко ти на што легнува?

– На мама.

– А кога мама ја нема?

– На комшиката.

– Па ако и сосетката ја нема?

– Тогаш и тато го нема.

– Бре… да смениме приодот – дедо ти на што спиe?

– На кревет.

– А под главата што става?

– Перница.

– И ако ја удриме перницата, што ќе добиеме ?

– Прашина!

– Па ако посилно ја удриме?

– Болви!

– Па ако земеш нож и ја искинеш перницата, што ќе добиеш?

– Шамар од дедо!

– Добро де, шамар, што уште?

– Пердуви.

– Е- е – е, конечно! И така, што ни дава кокошката?

– Па јајца ви кажав.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Секоја ноќ штом ќе дојдел мажот дома, таа му ја прегледувала облаката…

Чичко, собираме донации за базен. Дали ќе ни помогнете?