Ако сте жена и ако постојано ви е ладно, не се грижете, тоа е нормално, а ако сте маж, и на вашата партнерка ѝ е постојано ладно, потрудете се да ја стоплите.
Истражувањата велат дека жените ги чувствуваат промените во температурата многу повеќе од мажите.
Токму затоа, дури и кога температурите не се екстремно ниски, на жените им е повеќе ладно и смрзнуваат, додека мажите се поопуштени и полесно облечени.
Но, постојат неколку причини за тоа:
Првото нешто што најчесто го кажуваат жените кога им е ладно е дека рацете и стапалата им се смрзнати.
И тоа не е изненадувачко, бидејќи женските екстремитети се поладни од машките за 3 степени, а ова било откриено во 1998-ма и оттогаш не е многу променето. Ова се случува бидејќи е неопходно прво да се згреат внатрешните органи, па рацете и нозете се „жртви“.
Дланките и стапалата се поладни и целосната температура е повисока.
Научници докажале дека женската телесна температура е за 0.03 степени повисока од онаа на машките. Можеби изгледа незначајно, но заради таквата разлика, движењето на ладниот воздух се чувствува повеќе.
Во женското тело има повеќе масти отколку мускули.
Во просек, жените се помали од мажите и имаат повеќе масти, а помалку мускули, но всушност, мускулите се тие кои произведуваат топлина.
Не доволно брз метаболизам.
На мажите им е побрз метаблизмот за 23% отколку на жените, а тоа влијае на претворањето на храна во енергија, заради што не само што мажите полесно ја одржуваат тежината, туку и се затоплуваат побрзо.
Сепак, ништо од ова не е причина за грижа, а тоа што ви е почесто ладно, е причина за да си направите топол чај со цимет, вкусно топло чоколадо и да се стуткате под топло ќебе.