во

Затвор, дрога, насилство: Мрачни тајни за децата на славните

Изгледа дека неретко, растењето со богати и славни родители може да биде проблематично за децата.

Веројатно поради парите на нивните родители, овие деца имаат лесен пристап до алкохол и наркотици, и тоа уште на многу рана возраст. Всушност, денес доста често се појавуваат фотографии од лудите забави со многу алкохол и дрога на кои присуствуваат овие деца, уште пред да наполнат 20 години.

За среќа, повеќето од нив ги воочуваат своите грешки и успеваат да ги поправат, но постојат и оние кои имале трагичен крај.

Погледнете кои се славните личности со проблематични деца:

Синди Крафорд

Во 2018-та, синот на Синди Крафорд, Пресли Гребер, беше уапсен за возење во алкохолизирана состојба. Тогаш Пресли имаше само 19 години, а најпрво бил застанат бидејќи возел пребрзо. Кога излегол од автомобилот, полицајците забележале дека мириса на алкохол, па кога потврдиле дека испил повеќе, го уапсиле.

Подоцна се огласи адвокатот на Пресли, изјавувајќи дека тој сериозно си ја сфатил казната и се обидува да се подобри.

Том Хенкс и Рита Вилсон

Вториот син на Том и Рита отворено се бореше со зависноста од дрога. Во 2015-та тој замина на рехабилитација, откако предизвикал сообраќајка додека бил под дејство на дрога. Мажот кој бил повреден, Тери Муган, има изјавено дека страдал од физички и емоционални повреди поради сообраќајката, но и дека Том и Рита се одговорни за несреќата – тие знаеле за проблемите на нивниот син, но сепак му дозволиле да го вози нивниот автомобил.

Николас Кејџ

Николас Кејџ има две деца, а едното од нив му предизвикува многу проблеми. Неговиот син Вестон е роден во 1990-та, а во 2011-та беше уапсен за домашно насилство. Истовремено, тој беше и на рехабилитација поради неговите проблеми со дрогата.

Роберт Дауни Џуниор

Синот на Роберт, Индио Дауни, беше фатен со кокаин и беше казнет за поседување нелегални супстанци. Ова се случи во 2014-та, кога Индио имаше 20-тина години. Кратко по скандалот, актерот го испрати Индио на рехабилитација.

Витни Хјустон и Боби Браун

Ќерката на Витни и Боби, Боби Кристина Браун, е родена во 1993-та, а во 2012-та, кога имаше едвај 19 години, од неа се појави снимка на која се гледа како користи кокаин.

Во 2015-та, младата девојка беше најдена онесвестена во нејзината када. Таа беше хоспитализирана и во кома речиси 6 месеци, но, за жал, почина истата година.

Џеки Чен

Синот на познатиот актер, Џејси, си доби казна затвор од 6 месеци во Пекинг, откако беше фатен со дрога во 2015-та. Имено, во домот на 32-годишниот Џејси, кинеската полиција пронашла над 100 грама марихуана.

Ова сигурно било поразително за актерот, бидејќи во 2009-та тој беше прогласен за амбасадор за борба против наркотици од страна на Кина.

Брус Вилис и Деми Мур

Скаут, ќерката на Брус и Деми, беше уапсена бидејќи се обидела да користи лажна лична карта. Наводно, полицијата ја фатила со отворено пиво, а таа им покажа лажна лична карта.

Во 2014-та, пак, нивната најмлада ќерка Талула заврши на рехабилитација, и тоа на само 20 години.

Мајкл Џордан

Синот на Мајкл Џордан изгледа навистина има проблеми со однесувањето. Во 2012-та, тогаш 22-годишниот Маркус беше уапсен поради давање отпор на полицијата, но и поради жестока расправа со две жени.

Пред некоја година, пак, на Twitter, тој сподели фотографија од неговите гениталии.

Мајкл Даглас

Камерон Даглас, синот на познатиот актер и неговата поранешна сопруга Диандра, е уапсен поради дрога барем трипати. Во 2010-та, тој дури доби и 5-годишна казна затвор за продавање метамфетамин од хотел во Менхетен.

Додека беше во затворот, тој ги прекрши правилата, терајќи го неговиот адвокат да му шверцува наркотици во затворот. Тогаш тој и доби уште една казна – околу 11 месеци во самица.

Во 2016-та Камерон беше ослободен и, наводно, сега повеќе нема проблеми со дрогата и законот.

Хју Хефнер

Во 2012-та, тогаш 21-годишниот син на Хју беше уапсен бидејќи ја натепал девојката на неговиот пријател. Тој беше вклучен во 52-неделна програма наменета за луѓе одговорни за домашно насилство и доби наредба да се држи подалеку од девојката.

Тој беше обвинет и за вандализам бидејќи ѝ го искршил лаптопот, но ова обвинение беше тргнато.

Џон Бон Џови

Ќерката на познатиот пејач, Стефани, се предозира со хероин во 2012-та. Тогаш, таа имаше 19 години. За среќа, после хоспитализацијата, девојчето се ослободи од зависноста и денес нема никакви проблеми. Пејачот има ијзавено дека таа ситуација била неговиот најголем предизвик како родител.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мали ситници кои мамат насмевка на лицето на жените и ги усреќуваат

8 Навидум безопасни фрази кои всушност испуштаат отров