Завод за рехабилитација од алкохол. Лекција за штетноста на алкохолот. Учесниците седат во клупи како ученици и гледаат, а предавачот пред нив вади еден црв. Го потопува црвот во ракија. Го остава некое време и црвот умира. Предавачот:
– Што можеме да заклучиме од овој пример?
Некој од последниот ред дофрлува:
– Дека алкохоличарите немаат глисти?